Полициски инспектор вербално нaпaѓал и мaлтpетирал граѓани и новинари во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицискиот инспектор од оделот за недозволена трговија со дрога и псохотропни супстанци во Битола, Вангел Б, само денес на денот на изборите најмалку три пати ги пречекори и злоупотреби службените овластувања.

Инспекторот предизвика инцидент кога се обиде да спречи еден од нашите новинари, Борислав Стоилковиќ, кој известува од Битола за почитувањето на изборниот процес, да си ја врши својата работа и да снима.

По овој инцидент, инспекторот применувал сила врз граѓаните кои живеат во непосредна близина на училиштето кои си биле пред нивните куќи и си вршеле домаќински градежни работи околу куќите. Тој безобразно и дрско им се обраќаl со омаловажувања и пцости и ги присилувал да влезат во куќите бидејки биле избори.

Граѓаните, видно вознемирени, му ја раскажаа случката на новинарот Стоилковиќ. Тие се обиделе да го пријават инцидентот, но и по десетина обиди не добиле одговор на итниот број 192.

На прекумерната сила и дрскост на полицискиот инспектор се пожалиле и други граѓани кои се најдоа во моментот додека разговарав со нападнатите граѓани

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This