April 24, 2024, 11:16 pm

ПОЛИЦИСКИ УПАДИ ВО ДОМОВИ НА АКТИВИСТИ НА ОПОЗИЦИЈАТА: Полицијата минатата недела упаднала во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата минатата недела упаднала во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека не се работи за поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанале против, како што наведува, црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава.

„Власта треба да биде свесна дека може да уапси 10, 20 луѓе, и така ќе ги чини задоволни оние 100, 200 најзапалени луѓе од власта, но ниту една власт, а најмалку оваа може да уапси цел народ. И во моментите кога ги прават овие неправди може навистина мислат дека остваруваат некакви краткорочни победи, но дури тогаш треба да знаат дека тоа се нивните најсилни порази. Овие црнила ќе бидат победени, затоа што зората ќе изгрее за сите, а светлината ќе биде посилна од ова црно владеење“ напиша меѓудругото Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ на својот профил на фејсбук.

Тој обвини дека специјалци со огнено оружје влетуваат во домовите, вршат претрес во детските соби пред очите на малолетни деца.

На последниот протест пред владата само споменав, но денес пишувам подетално за работите кои не ги ветија, но ги остваруваат. Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, значи не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава. Со специјалци, огнено оружје во домовите на честити луѓе, домаќини, но однеднаш за соседите, и согласно употребената полициска сила стануваат сомнителни поединци за кои има „сомнеж за антидржавно делување”. Еден од нив има три деца, а можете да замислите каков надреален трилер е само за неговите малолетни деца кога специјалци вооружани прават претрес во детската соба затоа што единствен грев на неговиот татко е што мисли поразлично од власта, другиот го задржале во полициска станица зошто имал чаура зачувана од неговата свадба пред повеќе од десетина години, другиот сомнително им изгледал, а тоа според полицијата на Спасовски е тешко кривично дело во обид – тврди Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This