Полициски час во Србија: Сите установи ќе работат до 17 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имунологот Срѓа Јанковиќ рече дека медицинскиот дел од Кризниот штаб и предложил на Владата сите установи – освен продавниците за храна, аптеките и пумпите – да работат до 17 часот.

Срѓа Јанковиќ рече дека е потребно зајакнување на мерките , пред сè, кога станува збор за објекти кои „не се итна потреба“, носејњето маска и собири.

Тој изјави дека едногласниот предлог на Кризниот штаб до Владата е објектите, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи, да работат до 17 часот.„Имаме уверувања дека мерките ќе бидат целосно усвоени како што е предложено“, рече член на Кризниот штаб, додавајќи дека тие треба да стапат во сила што е можно поскоро, бидејќи „станува збор за часови, а не за денови“.

Според него, мерките мора да се спроведат безрезервно , за состојбата да не биде полоша.

Исто така е предложено да се носат маски во сите ситуации каде што не може да се одржува растојание.

„Еден дел од нас размислуваше да носиме маска секогаш и секаде, но преовладуваше разумот затоа што немаше смисла некој да носи маска и да оди сам покрај реката“, истакна имунологот.

Тој смета дека казната за непочитување на мерките е на државните органи, а не на кризните штабови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This