Полициски час во три града во Црна Гора поради КОВИД-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црна Гора воведува полициски час во три градови поради тешката ситуација со корона вирусот. Во Никшиќ, Беране и Андријевац од 28. септември до 12.октомври ќе биде забрането напуштање на станбените објекти од 22.часот до пет часот изутрина, одлучи Националното координативно тело.

Во овие градови ќе биде забранета работата на угостителските објекти, како и куќните посети. Во овие три општини, според наодите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, се ставени во црвена зона. Освен овие, тешка е ситуацијата во Рожаје, кое се наоѓа во портокалова зона, па таму забрана е ставена за работа на угостителските објекти.

Четири града се во жолта зона, Подгорица, Котор, Будва и Пљевља, и во овие градови работата на угостителските објекти е ограничен до 22 часот. Во овие објекти може да бидат највеќе две лица на една маса, а растојанието помеѓу столчињата мора да биде најмалку еден метар.

Останатите црногроски градови се во зелена зона и во нив се применуваат досегашните епидемиолошки мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This