ПОЛИЦИЈАТА БАРА ПОМОШ: Пронајден е мртов маж кај автопатот Скопје – Велес, СВР Велес бара помош при идентификацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 13.03.2018 година на ридот над автопатот Е-75 Скопје – Велес, на оддалеченост од околу 2,5 км од црквата во с. Башино село, пронајдено е тело на непознато машко лице.

По извршениот увид од страна на екипи од СВР Велес и Итна медицинска помош било утврдено дека се работи за тело на машко лице со височина од околу 170 сантиметри (крупен, челна келавост, со црна кратка коса, на нозете има гумени опинци, со црн комбинезон, темно сина блуза со хоризонтални шари и врз неа дуксер со темно сина боја со сиви ракави која на предниот дел има британско знаме и светло кафеава јакна).

-Ги замолуваме граѓаните кои го познавале починатото лице да се јават во СВР Велес и да дадат информации како би можеле да го идентификуваме – апелираат од СВР Велес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This