ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО МНТ: Под истрага работењето на Дејан Пројковски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипи од МВР минатата недела зедоа документи од правната служба на најголемата театарска национална куќа МНТ поради сомневање дека во периодот од 2015 до 2017 се вршени незаконски дејства кои го оштетиле буџетот, дознава „Макфах“.

Инспекторите од одделот за организиран криминал постапуваат по пријавата на Министерството за култура, кое имало индиции дека режисерот и поранешен директор Дејан Пројковски ја злоупотребил службената должност, вршел сомнителни јавни набавки и ненаменски потрошил средства во висина на 150.000 евра.

Под истрага е и наследникот на Пројковски, кој му потпишал решение за вработување и распределба на уште едно работно место, а полицијата ги побарала и тие документи. Решението за работното место режисер, односно распределба што не ги поминала правните регулативи, за Пројковски го потпишал Драган Спасов – Дац. На овој начин Пројковски добил две работни места, уметнички директор и режисер.

МВР во моментот ги прибира и ги анализира документите и во интерес на истрагата до првичните сознанија нема да споделува информации со јавноста.

МВР постапи по втората пријава на Министерството за култура по барање на раководителката на МНТ, Симона Угриновска, која ги утврдила неправилностите. Од Државниот завод за ревизија, иако биле повикани да направат увид во состојбата, одговориле дека немаат време.

Проблемите што долго време ја тресат најголемата национална куќа, а за кои никој не проговори јавно дури и по назначувањето на директорот Драган Спасов – Дац, кој со оваа куќа раководеше по Пројковски, се отворија по оставката на режисерот Александар Поповски од местото претседател на Управниот одбор во МНТ.

Како вршител на должност до јануари 2018 (неполни 6 месеци) Дац не ги алармирал надлежните за злоупотребите во МНТ, а како што се дознавa, наследениот долг од неговиот претходник бил дури и зголемен.

Сомнежите можеби ќе се провлекуваа и натаму и ќе останеа само во кулоарите на актерските кругови и колективот на МНТ, но во јуни режисерот Александар Поповски си даде оставка од местото претседател на Управниот одбор во МНТ и ги повика институциите да ги расчистат сомнежите.

Тогаш тој изјави дека и по цела една година од кога е формиран овој Управен одбор, сè уште нема ниту најава дека членовите ќе почнат да се занимаваат со проблемите што ја тресат оваа наша национална театарска куќа.

Исто толку време, според него, се чекало на распишувањето конкурс за нов директор и за назначување нов уметнички раководител поради нејасниот статус на работното место на неговиот колега Дејан Пројковски, кој по поднесената оставка на местото директор, во систематизацијата на МНТ фигурира и како режисер и како уметнички директор. Згора на тоа, Поповски реагира и на други проблеми со вработувањата и уште многу нелогичности, со што дополнително се парализира работата на МНТ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This