April 18, 2024, 11:36 pm

ПОЛИЦИЈАТА „ВЛЕЗЕ“ ВО ЧАИР И НА ПЛАСТИЧАРСКА: Засилени сообраќајни контроли и отстранети диво паркирани автомобили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајната полиција во последните неколку дена ги интензивираше активностите, во чии рамки само за време на викендот беа спроведени 2335 сообраќјни контроли и изречени околу 1.000 казни


Речиси секој петти скопјанец викендов возел под дејство на алкохол, покажуваат резултатите од неколку одвоени акции на сообраќајната полиција на територијата на Град Скопје, изминатиот викенд. Од проверени 2335 граѓани, во 480 од нив е утврдено присуство на алкохол во крвта, а други 454 лица направиле некој сообраќаен прекршок.

Контролите се интензивираат и во проблематичните подрачја на Скопје, каде претходно немаше редовно присуство на полиција.

Овој пат, полицијата постави свои контролни точки и во населбата Чаир, како и на т.н. „Пластичарска“ улица во Скопје, од каде се отстранети диво паркираните автомобили, и е воведен каков-таков ред во сообраќајот.

„Решиле да го средат Чаир, пластичарска среде бел ден. Да даде Господ и понатаму вака да биде“, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This