ПОЛИЦИЈАТА ВОДИ ИСТРАГА ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ: Се утврдува како избегал Груевски и кој му помагал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека внатрешната контрола на МВР и Обвинителството работат на утврдување на начинот на кој поранешниот премиер Никола Груевски избега од Македонија во Унгарија.

Спасовски, кој присуствување на Денот на високи гости на вежба во Криволак, појасни дека токму поради тоа се отворени истраги во МВР и во Јавното обвинителство.

– Сакаме да дојдеме до конкретните информации и да ја информираме јавноста. Нам ни е важно тоа што се случило во Македонија. Контактираме со сите служби во регионот. Принципиелно би било сите институции да го заокружат тој систем и на крај да излеземе со конечна информација дали имал помош и како се случило неговото бегство, нагласи Спасовски.

Во однос на пишувањата дека Груевски слободно излегол од Македонија со лична карта, Спасовски рече дека од јули 2017 година, по одземањето на патните исправи, е направен распис до сите гранични премини дека неможе да ја напушти Македонија ниту со лична карта.

– Прво треба да се лоцира одговорноста, да ги согледаме пропустите и нефункционалноста на системот во целина и ако тоа го согледаме, ќе можеме да ги отстраниме тие недостатоци за во иднина да немаме вакви ситуации. Многу е важно органите на спроведувањето на законот да имаат координација. Потребно е сите тие институции да се реформираат после 11 години заробена држава, рече Спасовски.

Запрашан како актуелните притвори ќе се одразат врз уставните измени, тој рече дека не би ги поврзал овие две работи.

– Ниту една политичка одлука не може да терминира било која кривична постапка која ја имаме. Очекувам дека Собранието ќе работи како и досега, пред се имајќи ги предвид интересите на државата и дека ќе се заврши процесот на изгласување на уставните амандмани, а со тоа да биде гарантирано и членството во НАТО И ЕУ. Процесот што се води во судот, треба да си продолжи понатаму. Ако сакаме да напредуваме, тогаш правдата мора да ја има и да биде достапна за сите, дециден беше Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This