ПОЛИЦИЈАТА ВО ИНДИЈА ВО ШОК:„Сопругот ми го украде бубрегот и го продаде“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Човек од Индија бил уапсен кога неговата сопруга открила дека ѝ недостига еден бубрег и го обвинила за кражба и за продажба, објавија светските медиуми.

Полицијата во западен Бенгал ги уапсила сопругот и неговиот брат, кои Рита Саркар ги обвинила за крадење и продажба на бубрегот. Локалните медиуми објавија дека сопругот ја организирал нејзината операција на слепо црево кога пред две години жената имала големи болки.

На крајот на 2017 година Рита при медицински преглед дознала дека ѝ недостига еден бубрег. По вознемирувачкото откритие, таа го обвнила својот сопруг дека ја организирал операцијата на слепо црево само за да ѝ го украде бубрегот и да го продаде како замена за миразот што не го добил.

Рита за индиските медиуми изјавила дека долго време била жртва на семејно насилство поради миразот што нејзиното семејство не можелo да си го дозволи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This