ПОЛИЦИЈАТА ГО КРЕНА НИВОТО НА ГОТОВНОСТ ВО КОСОВО:Уапсен Албанец на Косово поради повик на терористички напади за празниците

Поврзано

- Advertisement -
 Косовската полиција во околината на Пеќ го уапси Албанецот Рагип Абдули за кого се сомнева дека повикувал на терористички напади, пренесуваат српските медиуми.
mkd-317080
- Advertisement -

Осомничениот Абдули се сомничи дека преку социјалните мрежи повикувал на тероризам.

Косовската полиција го крена нивото на готовност пред велигденските празници.

Според РТС, полицијата применува посебен оперативен план на дополнително обезбедување на манастирите и црквите.

На сите припадници на косовската полиција кои се на годишен одмор им е наредено да се вратат на работа. На сите полицајци работното време им е продолжено од 8 на 12 часови.

Паралелно со мерките за безбедност на косовската полиција, американската амбасада во Приштина предупреди на можноста од терористички напади на Косово.

Во предупредувањето до своите државјани, американската амбасада потсетува дека терористи во регионот од претходно планирале да нападнат чувствителни „меки цели“, вклучувајќи цркви и храмови, пешачки центри, спортски терени и јавни собири.

Во тој контекст, американската амбасада ги повика своите државјани да ги преиспитаат движењето и намерите, да ја зачуваат личната безбедност.

И албанската полиција соопшти дека ги засилила безбедносните мерки за време на велигденските празници.

Дополнителни сили ќе бидат распоредени пред црквите и другите храмови, на улиците и граничните премини, за да спречи криминални и терористички акти.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This