ПОЛИЦИЈАТА ГО „ЧЕШЛА“ МУХАМЕД ЗЕКИРИ: Полицијата го посетила домот на Мухамед Зекири, причините сеуште непознати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево полицијата го посетила домот на членот на извршниот одбор на СДСМ Мухамед Зекири, откако претходно Финансиската полиција, Комисијата за спречување на корупција и Секторот за организиран криминал извршиле темелна истрага во активностите на неодамнешниот новинар, а сега пратеник од редовите на СДСМ

muki_navivac

Зекири поточно не ги наведува причините поради кои полицијата го посетила неговиот дом, но со оглед на тоа што во истрагата е инволвирана Финансиската полиција и Секторот за организиран криминал, може да се претпостави дека станува збор за прибирање на докази во рамки на истрагата на Јавното Обвинителство за нелегално финансирање на изборната кампања на СДСМ.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Антикорупциска, Финансиска Полиција и Организиран Криминал при МВР го чешлале мојот имот и веќе десетина дена водат истрага. Денеска и полицијата го посети мојот дом. Сакам да им порачам дека може да истражуваат и чешлаат колку што душа им сака, ниту ќе ме уплашат ниту ќе ме обезхрабрат, напротив само дополнително ми давате сила и мотивирате да продолжам да се борам против вистинските криминалци. Вистината ќе победи, ПРАВДА ЌЕ ИМА!!!

Да бевте на висина на задачата и истражувавте и се боревте против криминалот последниве неколку години и државата ќе цветаше.
Криминал можете да пронајдете само кај вистинските криминалци, кај вашите наредбодавачи кај Груевски и Мијалков и нивните соработници!!!!

#ЌеЛежите“. – стои во ФБ статусот на Зекири.

[/kopa_block_quote]

Во текот на кампањата, Зекири како невработен донирал дури 180.000 денари во партиската каса, што предизвикува интерес кај органите на прогонот со цел докажување на потеклото на оваа сума на пари. Неофицијално, се работи за поголема сума од официјално истакнатата во финансискиот извештај на СДСМ.

Освен ова, името на Мухамед Зекири се споменуваше и во различни медиумски написи, за наводно финансирање на кампањата на опозицијата со пари добиени од Катар, Саудиска Арабија, Ирак и други високо-ризични локации. Неговото име беше споменувано во контекст на наодите за изворот на финансирање на невладината МОСТ, чија задача е следење на изборниот процес.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This