ПОЛИЦИЈАТА И ДОКТОРИТЕ ИЗМАМЕНИ: Синдикатите во здравството и полицијата се чувствуваат измамени – незадоволни од малото покачување на платите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако им беше ветена плата од 100.000 денари, докторите сепак ќе добијат многу помало покачување на платата, што допринесува до незадоволство кај нив, тие ќе добијат покачување од само 5 проценти на платата, што е далеку од она што беше ветувано претходно. А покрај докторите, покачување на платите бараат и полицајците и јавните административци. Ден по објавувањето на главните проекции на буџетот за следната година, дел од синдикалните организации со незадоволство ги дочекаа промените.

Од Самостојниот синдикат на клинички центри велат дека покачување на платите во јавното здравство за пет проценти е неприфатлив предлог и претставува дополнителен поттик за одлевање на докторите, медицинските сестри и останатиот персонал кој работи во јавните здравствени установи.

Од Синдикатот на УПОЗ, пак велат дека парцијалното зголемување на платите, создава револт и незадоволство кај другите дејности во јавниот сектор како што се јавната администрација, судската и јавнообвинителската служба. Од овој синдикат посочуваат дека платите на судската и обвинителската служба не само што не се зголемени во последните години, туку им е скратено и законското право на исплата на надоместоци на плата.

Македонскиот полициски синдикат во соопштението потсетува дека не се реализирани преостанатите две усогласувања од по пет проценти за вработените во Министерството за внатрешни работи и бара од Владата да каже дали тие ќе бидат реализирани со исплатата на декемвриската плата, во јануари следната година.

Синдикатот на културата ја поздрави одлуката на Владата за зголемување на платите во одбраната, здравството и образованието, но потсетува дека носителите на дејноста во културата земаат пониски плати од просечната нето плата во државата.

Во соопштението, Синдикатот истакнува дека во културата формално постои општ колективен договор од 2005 година, но оти тој во пракса не се спроведува поради што бараат изработка на нов закон за култура и нов колективен договор по примерот на западноевропски држави.

Синдикатите бараат средба со претседателот на македонската Влада, министерот за финансии и со ресорните министри.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This