ПОЛИЦИЈАТА НА СПАСОВСКИ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ СРБИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашниот најнов инцидент кога активисти на Демократската партија на Србите биле предмет на притисок!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашниот најнов инцидент кога активисти на Демократската партија на Србите биле предмет на притисок, закани, а како резултат на најновата злоупотреба на полицијата од страна на Спасовски, истакна на денешната прес-конференција Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Евидентна е нервозата и стравот кај СДС од изборниот пораз поради што прибегнуваат кон груби прекршувања на изборниот процес, закани и притисоци. Во конкретниот случај злоупотребена е полицијата за партиски цели на СДС и извршен е неовластен претрес и задржување на лицата, а причината за тоа била што активистите на Демократската партија на Србите делеле пропаганден рекламен материјал што претставува редовна партиска активност која е законски загарантирана, вели тој.

Андонов посочува дека ова значи дека полициските службеници очигледно ги надминале и злоупотребиле своите овластувања, а кон партиските активисти биле изречени отворени закани за нивната политичка активност.

-Бараме итно расветлување на овој најнов инцидент кој се случи во истиот ден кога со смртен исход заврши претходната огнена престрелка во која животот го загуби носителот на советничка листа во Кичево. Го потсетуваме Спасовски дека се уште нема расветлување и на инцидентот со искршените штабови на Демократската партија на Србите и на штабовите на ВМРО-ДПМНЕ. Воедно, на терен се случува директно и зачудувачки дрско мешање на државата и партијата, а во изборни цели. Спротивно на закон заменик министерот за животна средина Јани Макрадули партиски агитира и оди од куќа на куќа делејќи пропаганден материјал на СДС, а во изминатиот период од четири месеци на владата на СДС истиот тој Макрадули не реализираше ниту една мерка за заштита на животната средина на која толку многу се повикуваат и им ја нудат на граѓаните, истакнува Андонов.

Тој посочува дека вториот случај е министерот за финансии кој наместо да работи на подобрување на економијата која влегува во рецесија, држи партиски настани во изборни цели заедно со кандидатот за градоначалник Бочварски. Ова претставува директно мешање на партијата и државата.

-Забележливо е дека во редовите на СДС се присутен стравот и паниката од поразот кој ги очекува на 15-ти октомври. Тие знаат дека ќе ги загубат изборите и оваа им е последната шанса да го свртат вниманието од големиот пораз кој ќе им го испорачаат граѓаните. Следејќи го однесувањето или неработата на полицијата и исполнувањето на партиските насоки за неосновано поднесување на кривични пријави против кандидати за градоначалници или носители и членови на советнички листи од ВМРО-ДПМНЕ, големиот број на инциденти проследени со убиства, тешки телесни повреди и загрозување на животот и нарушувањата на предизборниот процес, може да заклучиме дека власта на СДС покажува класична неспособност да организира фер и демократски избори. Сите овие инциденти и нарушувања на изборниот процес се производ на нервоза и паника во редовите на СДС. Тие знаат дека поразот од граѓаните доаѓа, нагласува Андонов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This