March 28, 2024, 10:42 pm

ПОЛИЦИЈАТА ОБЈАВИ СНИМКА ОД АКЦИЈАТА: Синови на сопартијка на Заев и другарка на Марин, имале лабараторија за производство на наркотици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лицата С.К. (25) и Г.К (28) за кои Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава веќе и се познати на полицијата како извршители на други кривични дела.

Инспекторите во МВР направиле добра работа и поради капацитетот на лабораторијата не било можно случајот да остане скриен, па информацијата за заплената на дрогата од МВР одлучиле да ја објават за време на викендот за да има помал оддек.

Според МВР, полицијата до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје со кривична пријава ги предаде лицата С.К. (25), и Г.К. (28), поради постоење на основи на сомнение дека извршиле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Од истрагата било утврдено дека приведените во текот на годинава неовластено набавиле и инсталирале систем- лабараторија за одгледување и производство на канабис, од која преку процес на сушење, дробење и ситнење на врвните делови правеле марихуана и истата ја пакувале за понатамошно препродавање на уживатели на подрачјето на град Скопје. При претресите кај браќата пронајдени се 6,4 килограми марихуана и 203 саксии со стебла од растението канабис.

-На 25 април, по претходно добиени оперативни сознанија дека пријавените, инаку евидентирани сторители на други кривични дела, се занимаваат со производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, од страна на Судија на претходна постапка издадена е Наредба за претрес во дом на пријавениот С.К. во скопската населба Аеродром. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје, извршен е претрес, при што е затекнат и второпријавениот, и притоа пронајдени и одземени се една паковка со марихуана, еден пластичен сад со засадени три садници од растение канабис, картонска кутија во која има девет палети за производство на садници, осум црни пластични шишиња – прскалки од 750 милилитри, три црни пластични шишиња од 300 милилитри, два рефлектори и други предмети, велат од МВР.

Поради постоење основи на сомнение дека дополнително ќе се пронајдат предмети и траги кои потекнуват од кривично дело, односно дека С.К. ги користел заедничките простории во подрумскиот дел, извршен е претрес и во овој дел, при што пронајдени се една торба во која имало пет поголеми пресувани пакувања со марихуана, најлонска ќеса со поголемо пресувано пакување со марихуана, и уште една најлонска ќеса со три пакувања со марихуана.

-Врз основа на Наредба од Основен суд Скопје 1, извршен е претрес и во викендичката на Л.К., во место викано Св.Петка во село Морани,а корисник е и нејзиниот син С.К. При претресот во викенд куќата пронајдени се 202 саксии со засадени растенија канабис со различна висина, 5 пластични туби со течност, како и инсталиран систем, односно лабораторија за одгледување на наркотична дрога – два дигитални апарати (мерачи), пумпа за прскање, прима клима, 20 електрични трафа за лампи, три тајмери, две ламби со лед диоди, ролна – фолија, метален вентилатор, алуминиумско растегливо црево и два пластични сада со капак, велат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This