ПОЛИЦИЈАТА ПОСТАПИЛА ПРАВИЛНО: Спасовски смета дека реакцијата на полицијата била „според книга“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Македонските полицајци во неделата беа напаѓани и еден час се воздржуваа за да ја смират ситуацијата, но нивната реакција е резултат на оценката на претпоставените, а можам да кажам дека постапиле правилно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за судирот на полицајците и демнстрантите за време на неделниот протест пред Собранието против Договорот со Грција.

– Таа постапка на полицијата е како по книга. Тука полицајците имаат целосна поддршка и апелирам до граѓаните кои сакаат да го изразат својот револт, да протестираат мирно, но не смееме да дозволиме да има напад на полицијата ниту пак напад врз некоја од институциите за да не ни се повтори 27 април, рече Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This