ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕЛА ПЕТ ЛИЦА ВО АКЦИЈАТА ВО „СИТИ МОЛ“: Пет лица лишени од слобода при претрес на возила на паркингот на трговскиот центар во Карпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата утринава ги соопшти и деталите во врска со вчерашната акција во трговкиот центар „Сити Мол“, од каде се обидоа да го прикријат случајот

„На 20.09.2018 година околу 16 часот од страна на СВР Скопје се преземени мерки и активности на паркинг простор на трговски центар во Скопје. Извршен е преглед на три патнички моторни возила „Марцедес“, „Ланчиа делта“ и „Голф“,во кои се затекнати пет лица и тоа О.Б. (34), Ш.А. (36.), Ф.Л.(26.) Е.И. (24) и Н.И. (22)

Од извршениот преглед, во едно од моторните возила е пронајден пиштол марка ТТ кал.7,62 мм. Лицата се лишени од слобода и приведени во ПС од ОН Карпош. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на случајот.“ – стои во полицискиот извештај.

 

Од она што неофицијално го дознаваме, на паркингот на „Сити Мол“ бил извршен претрес на две возила марка „Мерцедес АМГ“ а во возилото била пронајдена поголема количина на наркотични средства.

Неофицијално дознаваме дека лицето кое требало да ја земе пратката на наркотици било лице блиско до Зоран Заев, поточно брат на член на обезбедувањето на премиерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This