April 23, 2024, 10:50 am

ПОЛИЦИЈАТА ПУШТА УШТЕ ЕДЕН УБИЕЦ НА СЛОБОДА: Дали убиенот Арифи е ликвидиран поради критики кон ДУИ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа во Чаир со неколку истрели беше убиен Исмет Арифи (викан Кока) од село Блаце. Неговиот сопатник во автомобилот е тешко повреден и пренесен во болница.

Според првични информации убиството се случило во вооружена пресметка на бандите на ДУИ и СДСМ во овој дел од Скопје. Арифи бил активист на СДСМ кој им ја водел кампањата за локалните избори во овој дел од градот. На терен работел за Петре Шилегов, делејќи негови програми и агитирајќи граѓаните да гласаат за кандидатите на СДСМ.

-Убиениот е Исмет Арифи (викан Кока), додека сериозно повредениот е Ќемал Лусјани. Исмет бил од селото Блаце, додека Ќемал бил од Чаир. Исмет е познат како личност која на последните избори правеше активноси за СДСМ и често ги изнесуваше неговите ставови против креирањето на политиката на ДУИ. Пријателството на Исмет со ранетиот Ќемал Лусјани може да се потврди со нивните слики на Фејсбук, каде што тие често се заедно. Таков беше случајот минатата ноќ кога биле во автомобилот на Исмет и биле пукани со огнено оружје кое резултирало со смртта на Исмет и сериозната повреда на Кемал, кој и понатаму е под грижа на лекарите во скопската болница, објавува порталот Тетова1.

МВР нема уапсено никој, убиецот е на слобода!

Министерството за внатрешни работи денес во полицискиот билтен информира штуро за настанот. Нема информација ниту кој е сторител на делото, дали убиецот е приведен, кои се мотивите за крвавата пресметка, со какво оружје е пукано…..

-На 24.11.2017 година во 22:26 часот во Единицата за информации и команда  било пријавено дека на ул.Лазо Трповски, имало пукотници на улица и имало повредено лице. По дознавање за настанот, од страна на полициски екипи од СВР Скопје е излезено на лице место. Утврдено е дека настанот се случил во 22:20 часот во непосредна близина на чајџилницата „Диселдорф“, И. А. (37) од с.Блаце, Скопје починал на лице место, а повреден е Ќ. Л. (52). од  Скопје. Пред настанот, И.А. и Ќ.Л. биле во чајџилницата „Диселдорф“ и кога излегле од таму влегле во возило марка Пасат, кое било паркирано во непосредна близина на чајџилницата, а е сопственост на М.С.. И.А. седнал на возачкото место, а Ќ.Л. на совозачкото. Откако го стартувале возилото и се придвижиле во насока од ул.Лазар Трповски во правец кон ул.„Втора Македонска Бригада“, од непосредна близина од страната на возачот (сега починатиот) НН сторител со употреба на огнено оружје испукал повеќе куршуми во правец на возилотo, при што со неколку куршуми смртно го застрелал И.А., а со еден куршум го ранил Ќ.Л. во левото рамо, по што сторителот избегал. Повредениот Ќ. Л.  е пренесен во Ургентен Центар при Клинички центар „Мајка Тереза“. Увидот е извршен од страна на ЕУМНА при СВР Скопје во присуство на дежурниот јавен обвинител. Од лице место подигнати се 11 чаури и предметното возило за крим техничка обработка и истите ќе бидат предмет на вештачење, додека од починатиот одземени се мобилни телефонски апарати, облеката и други лични предмети, земена е парафинска ракавица и истите ќе бидат предмет на вештачење. Телото на починатиот по наредба на дежурен Јавен обвинител е предадено за обдукција во ИСМК. Во соработка со Основното јавно обвинителство  се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.

Од МВР за КУРИР информираат дека на разговор во полициска станица се повикани неколку лица, но дека немаат уапсен осомничен.

Убиен поради критики кон ДУИ?

Кус период пред да биде убиен, Арифи јавно го критикува пратеникот на ДУИ, Ејуп Халими. Не му било прв пат да упатува критики до раководството и поддржувачите на ДУИ, па активистите на Али Ахмети биле гневни кон него.

„Еве и јас да реагирам. Агим Мусшабанај. За Ејуп Халими .. Ејуп Зошто ги предаде другарите на идеалот? Зошто некои пријатели се уште стојат позади тебе или им имаш вметнато страв заедно со Груевски? Зошто некои наши другари од УЧК се во затвор или затоа што не те подржуваа повеќе тебе Ејупе? Зошто некои други не смеат да дојдат во Илирида? Ти и Али ги ставивте во затвор само затоа што не се подржуваши на ДУИ ….. Ејуп синоќа добив повик од една личност. Со името Х. ти го знаеш, некои наши другари го познаваат тоа лице… И ми рече: Ејуп ме предаде. Го прашав како те предаде Ејуп. Ми рече Ејуп ми ја зеде вереницата со која бев верен една година, и скоро секој ден седев со Ејуп и вереницата која сега е негова жена. Јас не му поверував, но кога прашав некои заеднички пријатели ми кажаа дека тоа е вистина. Му ја зеде вереницата. А вереницата е ќерка на поранешниот претседател на В. С.Д.Со ова открив дека ти Ејупе си предавник. Ејупе кај нас албанците викаат дека човек кој допира до честа, тој е предавник и не може дда му се верува. Така да ти му ја допре честа на твојот другар…И ти Ејуп си антинационален“- напиша Арифи на својот Фејсбук профил пред да биде крвнички ликвидиран.

 

 

Се шпекулира дека по коалицирањето на СДСМ и ДУИ се судруваат нивните банди во населени места каде криминалот владее низ улиците. Дополнително вакви насилници добија сила соочени со фактот дека откако Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи, а Зоран Заев премиер, убијците и сторителите на други тешки кривични дела, стануваат на слобода.

Оваа крвава престрелка со смртни последици е само една од низата кои изминатиов период се случија во Македонија. За истите никој не одговара, а полицијата на Спасовски повеќе игра улога на заштитник на криминалот отколку на граѓаните.

Македонија е потресена од убиството на Мартин Јанушев, чиј убиец ниту три недели по ладнокрвната ликвидација не е приведен или казнет.

Нема осомничен ниту приведен за престрелката со која приврзаници на ДУИ славеа изборна победа. За пукотниците на изборите при прославите во Шутка и на плоштадот Скендербег, кога Скопје буквално делуваше како град во Сирија – се уште никој не сносил одговорност.

Ниту за пукањата од автомобили во движење никој не одговара.

Очевидци за КУРИР синоќа сведочеа дека биле уплашени од рафалите, а потоа пред себе виделе хорор кога излегле на улица. Оправдано стравуваат за својата безбедност бидејќи во моменти кога полицијата ги остава криминалците на слобода се плашат да ги пуштат своите деца да излезат од дома.Опишуваат дека во нивната населба се случило сцена како во Сирија, но велат и дека не се чувствуваат безбедно.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This