Полицијата трага по Ѓорѓи Спасов, Боби Илиевски и уште десетина други активисти на една политичка партија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По апсењето на директорот на Зоолошката градина, Ѓорги Галетановски, полицијата трага по уште десетина други активисти на една политичка партија кои правеле изборна измама со тоа што на социјалните мрежи ги наведувале граѓаните да гласаат неважечки. – дознава Лидер од извори во МВР.

Како што дознаваме, помеѓу оние по кои се трага се професорот во пензија Ѓорги Спасов од агенцијата Рејтинг, активистот Боби Илиевски и уште десетина други членови на истата политичка партија.

Овие лица, организирано на социјалната мрежа Фејсбук правеле измама со која граѓаните кои сакале да гласаат за една политичка партија, ги наведувале да гласаат неважечки.

Денес Единицата за Економски и компјутерски Криминал при СВР СКОПЈЕ постапувајќи по Допис доставен од Одделот за компјутерски Криминал при БЈБ, следејќи ги социјалните мрежи, установиле објави се недолична содржина односно со објави кои што содржеле елементи на основи на сомнение за сторено кривично дело (не класифицирано) кое што се гони по службена должност заради што изготвиле Допис и со прилог издвоен материјал го доставиле до СВР СКОПЈЕ. Од страна на ЕЕКК е постапено по предметниот допис превземени се соодветни мерки и активности, при што направен е увид во ФБ профилите на лицата кои што ги ширеле таквите објави, и за таа цел повикано е на разговор лицето Ѓ.Г. кој што од неговиот личен ФБ профил шерувал објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател, стои во реакцијата на МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This