Полициjaта во пpвите бopбени peдови зaeдно со лекapите: Ceкојдневно 10-тици полицajци се зapaзени со кopона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека медиумите пишуваат за бројот на заразен медицински персонал од опасниот коронавирус во Македонија, забораваат на полицијата која заедно со здравствените работници е во првата борбена линија со опасниот коронавирус.

Полицијата секојдневно се грижи за спроведувањето на рестриктивните мерки кои и според здравствените власти се најважни за спречување на ширењето на заразата и eпдиемијата во Македонија.

Заклучно со дешениот ден 99 во македонската полиција има 90-тина активни случаи на опасниот коронавирус. Од МВР ја потврдија информацијата за Инофмакс и ни посочија дека нема простор за загриженост бидејќи од почетокот на кризата бројката на заразени полициски службеници во даден момент не паднала под 70, но сепак полицијата во ниту еден момент не била спречена да ги извршува своите секојдневни задачи.

Ова велат од МВР е резултат на системот на ротација, со што се осигурува континуитетот во работењето на полицијата.

Уште од првиот ден на пандемијата македонската полиција е изложена на сериозен ризик и предизвик кога станува збор за спроведување на мерките кои имаат цел да ги заштитат граѓаните од ширењето на заразата на опасниот вирус.

Контролата на границите и проверката на температура кај патниците беше земенета со полициски час и задолжителна изолација за сите кои имале контакт со заразени, со што значително беше зголемен обемот на работа на полицијата чија обврска е да ги спроведе мерките кои ги носи Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This