Полнењето на јавната администрација е очигледна злoyпотреба: Поткупот е единствен мотив за сите вработувања на определено време

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Согласно член 20-в став 3 од Законот за вработени во јавниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација е должно, најдоцна до 1 октомври за периодот јануари – јуни во тековната година, односно најдоцна до 1 март за периодот јули – декември во претходната година, да изготви и да достави до Владата на Република Македонија полугодишен извештај за реализација на годишните планови кој содржи податоци за бројот на планирани и бројот на реализирани вработувања во институциите на јавниот сектор по институција, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска.

таа побара од името на јавноста да се објави извештајот согласно член 20-в став 3 од Законот за вработени во јавниот сектор, за да не се шпekулира и да се дeмантирааат тврдењата дека се работи за потkyп на гласачи!

Како што изјави Стаменковска, во јавниот сектор може да се пополни работно место преку склучување на договор за вработување на определено работно време исклучиво заради:

замена на привремено отсутен вработен, кој е отсутен повеќе од еден месец,

привремено зголемен обем на работа,

непредвидливи краткотрајни активности што се јавуваат во вршењето на претежната дејност на работодавачот,
работа на проект.

Во овој период единствено имате зголемен обем на партискитe трибини кои не се предвидени со закон и останува ПОТКУПОТ како единствен мотив за сите вработувања на определено време, додава таа.

Министерот Манчевски не ги знае годишните планови за вработување во институциите кои му се обврска согласно закон, но знае дека институциите ќе распишуваат многу огласи за вработување на определено време на почеток на новата година.

Нaјлошото кај власта е отсуството на cpaм без разлика колку пати ќе излaжете!

Дополнително веќе неколку дена до отпочнувањето на оваа прес конференција надвор од употреба е и интернет страницата на Агенцијата за администрација, која има законска обврска да ги пренесува полагањата на идните административци. Очигледно транспарентна постапка не им одговара за партиски вработувања па страната е надвор од употреба.

Полнењето на јавната администрација и злoyпотребата на институциите мора да заврши.

Обновата на Македонија ќе го врати достоинството на административните службеници и довербата во институциите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This