Невремето во Скопје предизвика голем електричен дефект во главниот град .
Неофицијално според очевидци несреќата ја предизвикал громот кој удрил во трафостаница во близина на Тутунски комбинат.
Големо невреме попладнево го зафати Скопје. Централното градско подрачје,Кисела Вода и населби до Карпош 1 од 14 часот се без електрична енергија.
Невремето е проследено со пороен дожд и грмотевици. На повеќе улици возењето беше отежнато зашто за кусо време тие се преторија во вистински реки.
Од она што го дознаваме од очевидци и читачи има и проблем со интернет конекцијата на дел од телекомуникациските мрежи.