ПОЛОШИ ОД ПРОСТИТУТКИ: Путин „распали“ по политичката елита која стои позади обидите за дискредитација на Трамп!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека нема основа да го напаѓа или брани новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, бидејќи не го познава лично. Тој додал дека тие кои се позади последните обвинувања протв Трам „немаат морални скрупули“

putin-tramp

„Јас не го познавам господинот Трамп лично, никогаш не сум го сретнал и не знам што ќе направи во меѓународната арена. Затоа немам основа да го напаѓам или да го критикувам за било што, или да го бранам или било што“, рекол Путин.

Покрај фактот што изборите во САД се завршени со солидна победана Републиканскиот кандидат, интензивна политичка битка продолжува да се води во земјата, смета Рускиот претседател, додавајќи дека има одредени сили кои имаат за цел да ја „поткопаат легитимноста на новоизбраниот претседател“.

„Јас сум под импресија дека се спремни како што направија во Киев, да организираат Мајдан во Вашингтон, само за да не дозволат Трамп да влезе во Белата Куќа“, рекол Путин, осврнувајќи се на анти-владините протести во Украинскиот главен град во 2014 година, кои резултираа со пуч.

Анти-Трамп силите во САД исто така сакаат да „му ги врзат рацете и нозате“ на ново-избраниот лидер, додава Путин. Според него, на овој начин се цели да се направат препреки во домашните и надворешните политики кои ги најави Трамп во претседателската кампања.

На овој начин, овие сили „сериозно им наштетуваат на интересите на САД“, рекол Путин.

Кампањата за дискредитација на новоизбраниот претседател покажуваат дека одредени „политички елити на Западот вклучително и во САД“, „значително се влошиле“, заклучува Рускиот претседател. „Тие немаат морални скрупули“, додава тој.

Рускиот лидер исто така се осврнал и на обвинувањата дека Москва има уценувачки материјали против новиот претседател на САД кои ги нарече „очигледно лажни“.

„Кога Трамп ја посети Москва пред неколку години, тој не беше политичка фигура. Ние не ни знаевме за неговите политички амбиции, беше само бизнисмен, еден од најбогатите луѓе во САД. Значи, дали некој мисли дека нашите разузнавачки служби го следат секој Американски милијрадрер? Секако дека не, тоа е комплетна глупост“, рекол Путин.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This