ПОЛСКА НЕМА ДА ГИ ПОДДРЖИ САНКЦИИТЕ НА ЕУ КОН ОРБАН И УНГАРИЈА: Полското МНР најави дека ќе ги блокира санкциите на ЕУ кон Унгарија.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полското Министерство за надворешни работи најави дека ќе застане во одбрана на Унгарија, доколку во Европскиот совет се гласа за санкции кон Унгарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Секоја земја има суверено право да ги прави реформите кои смета дека се потребни. Акции против земји членки служат само за дополнително продлабочување на поделбите во ЕУ и зголемување на недовербата на граѓаните во институциите, порача полското Министерство.

Европскиот парламент вчера гласаше за активирање на членот 7 од Повелбата на ЕУ против Унгарија, односно за суспензија на правото на глас на земјата во Европскиот совет поради нарушување на владеењето на правото, контрола врз медиумите, корупција и прекршување на европските стандарди и вредности.

Полска е исто така под лупа на европските институции поради мешање во независноста на судството и на медиумите.

За да се активира членот 7 и да се суспендира правото на глас на земја членка во Европскиот совет, освен двотретинско мнозинство во Европскиот парламент, потребна е и едногласна поддршка од сите останати земји членки на ЕУ.

Уште од претходно беше извесно дека Полска ќе блокира секаков обид во Советот за „нуклеарната опција“ против Унгарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This