Полска плaниpa дa вakциниpa oкoлy 3,4 милиoни лyѓe мeceчнo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полска би требало да може да вакцинира 3,4 милиони дози вакцина пратив Ковид-19 месечно, изјави денеска главниот помошник премиер, додека здравствената служба на земјата се подготвува за, веројатно, најголемиот логистички предизвик досега.

– 3,4 милиони вакцинации месечно, 3,4 милиони дози на вакцини може да се администрираат во согласност со пријавите што ги добивме, рече на прес-конференција Михал Дворчик, додавајќи дека 8.319 тимови за вакцинација се пријавиле за да учествуваат во програмата.

Дворчик претходно изјави дека во Полска може да има околу 8.000 места за вакцинација.

Досега, Полска, земја со околу 38 милиони луѓе, евидентираше близу 1,13 милиони случаи на коронавирус и 22.676 смртни случаи од Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This