Полска пoтпишaлa дoгoвop зa кyпyвaњe нa 45 милиoни дoзи вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полска потпиша договори со повеќе фармацевски компании за набавка на 45 милиони дози вакцина против коронавирус, соопшти денеска премиерот Матеус Моравијецки.

-Полска ги потпиша потребните договори. Нарачавме 45 милиони дози од компаниите „Фајзер“, „БиоНТек“, „АстраЗенека“ и „Џонсон & Џонсон“ и подготвени сме да потпишеме дополнителни договори, рече Моравијецки во полскиот град Лоѓ, пренесоа британските медиуми. Премиерот додаде дека вакцинацијата ќе биде бесплатна и ќе се одвива на доброволна основа.

Гардијан пренесе дека Моравјецки изразил надеж дека вакцините ќе им бидат достапни на граѓаните до февруари 2021 година. Шефот на кабинетот на полскиот премиер, Михаж Дворчик изјави дека стратегијата за вакцинација на Полска треба да заврши до крајот на неделава. Според Министерството за здравство, денеска бројот на заболени од коронавирус во Полска надмина еден милион.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This