ПОЛСКА СЛЕДНА НА СПИСОКОТ ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЕУ: Колку е реална можноста Полска да ја напушти Европската Унија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изгледа дека Брисел сѐ повеќе станува еден од најголемите непријатели за Варшава, пишува Дојче веле, пренесува МКД.мк

„Излеговме на крај со Грција на Алексис Ципрас, ќе излеземе на крај и со Полска на Јарослав Качињски“. Така дипломатите на Европската Унија размислуваа во 2015 по изборната победа на национално-конзервативната партија Право и Правда (ПиС). Иако голем број политичари во Брисел не баш со носталгија се сеќаваат на периодот 2006-2007, односно времето кога Качињски беше премиер на Полска, тие сепак во времето на формирањето на новата влада во 2015 беа прилично мирни. Качињски на крајот и не влезе во владата, неа ја формираше Беате Шидло, но набрзо стана јасно: тој е тој кој ги влече сите конци од заднината, влијае врз најважните политички одлуки или дури самиот ги носи.

Како одговор на критиките од Брисел, Варшава почна да доведува во прашање некои одлуки на Европската комисија, на владејачката партија ѝ се префрла дека го разгорува непријателството кон Германија, иако Варшава и Берлин со години имаат добри односи, а Германија беше најважниот сојузник зна влегувањето на полска во ЕУ во 2004 година.

Доведувањето на институциите на Европската Унија во прашање и дистанцирањето од Германија, од аспект на владата во Варшава, служи за „обнова на полскиот суверенитет“. Владата уште во првите месеци на своето постоење реши да го замени Берлин со Лондон како главен сојузник во ЕУ. Тоа се случи непосредно пред одлуката за „брегзитот“. Покрај ова, продлабочена е и соработката во рамки на Вишеградската група, во која, освен Полска, припаѓаат и Словачка, Чешка и Унгарија. Иако групата како „евроскептична интернационала“ сѐ уште не направила ништо особено, Варшава останува на своите соништа за блок предводен од Полска како противтежа на Берлин, а во извесна мера и на Париз.

Во Полска дебатите за бегалците и нивното распоредување според системот на квоти го зајакнаа впечатокот дека ЕУ сака да ги примора земјите-членки на несакан мултикултурализам, пред сѐ „диктиран од Берлин“. Полските државни медиуми терористичките напади во земјите од Западна Европа ги претставуваат како директна последица на грешките на бриселскиот естаблишмент. Качињски умешно си игра со тензиите меѓу Истокот и Западот, а оа не влијае само врз Полска: голем број граѓани на поновите земји-членки на ЕУ не сакаат „старата Европа“ да им држи лекции.

Партијата ПиС на своите гласачи им објаснува дека полското членство во ЕУ е „нешто што се мора“ бидејќи само така Варшава може да има влијание во ЕУ, пред сѐ на политиката на Унијата кон Русија. Во исто време, владата и медиумите блиски на државата сликаат негативна слика за ЕУ, слична на онаа која можеше да се види во Британија пред брегзитот.

Изгледа дека земјата денес се наоѓа во маѓепсан круг. Нејзиниот статус во Европската Унија од 2015 година е влошен. Дури пропаднаа и некои нејзини оправдани барања за одредени реформи на ЕУ. Тоа би можело да ги зголеми фрустрациите, и во владата и во полското општетство и евентуално во таа земја да ја изроди идејата за организирање реферндум за членството на Полска во Унијата. Опозицијата веќе предупредува дека политиката на Јарослав Качињски може да ја доведе Полска до „полегзит“. Меѓутоа, поверојатното сценарио е дека ненаклонетоста на Полска за новите проекти на европските интеграции, константните тензии со Брисел и искривената слика за ЕУ која се шири во земјата ќе ја турнат Полска на маргините на Европската Унија. Тоа ќе ги одвои од добро интегрираното јадро, односно ќе ги префлри во втора, трета или дури четврта „ЕУ-брзина“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This