Полска ја oбвини Русија за хakeрски нaпaд врз високи функционери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија изврши голем хакерски напад врз високи полски политичари, изјави Јарослав Качински, лидерот на владејачката десничарска партија во Полска. Шефот на владејачката Право и правда и вицепремиер одговорен за безбедносниот блок изјави дека високи полски функционери, министри и пратеници од различни политички сили биле мета на нападот.

„Анализата на нашите служби и тајните служби на нашите сојузници ни овозможува недвосмислено да кажеме дека хакерскиот напад е извршен од територијата на Руската Федерација. Неговиот обем е огромен, истакна Качински, додавајќи дека се засегнати високи министри.

Во вторникот, полските власти соопштија дека земјата била подложена на голем хакерски напад. Премиерот Матеуш Моравецки свика затворена седница.

Пред неколку дена, шефот на кабинетот на премиерот на Полска, Михал Дворчик потврди дека е извршен хакерски напад на неговата електронска пошта. Голем број медиуми објавија дека како резултат на хакирање, напаѓачите добиле пристап до класифицирани документи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This