ПОЛУМЕСЕЧИНА И БЕСА: Како Босанците и Албанците ќе ја наплатат поддршката за Мило и Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две барања во две различни балкански држави – Црна Гора и Македонија – се отворија нови прашања кои како да укажуваат дека приликите во регионот нема да се смират дури и по членството на една земја во НАТО, а другата на пат тоа да стане

Лидерот на Бошњачката партија и потпретседател на Владата а Црна Гора Рафет Хусовиќ не отстапува од барањето босанските симболи (полумесечината) да се вградат во редот државни симболи на најмладата балканска држава, додека Билал Касами, лидерот на „БЕСА“, албанско опозициско движење во Македонија, бара албанскиот јазик да се прогласи за службен јазик во земјат.а

Касами веќе го изработил предлогот од четири уставни амандмани кои предвидуваат албанскиот јазик во Македонија да се дефинира како службен. Со тоа би се укинало сегашното толкување на албанскиот јазик како втор официјален јазик, кој службено се употребува само во средини во кои Албанците се повеќе од 20%. Иницијативата на Касами ја поддржа и другата албанска опозициска партија Алијанса на Албанците и нејзиниот лидер Зијадин Села.

Хусовиќ пак тврди дека Уставот на Црна Гора не ја дефинира државата како христијанска, туку како граѓанска, мултиконфесионална, мултинационална, каде правата на сите народи се еднакви пред Уставот и законите.

„Додавањето на полумесецот кој е симбол на исламот ќе испрати јасна порака дека сме зрели како општество и дека денешна Црна Гора е израз на вистинските европски вредности“, смета Хусовиќ.

Иако овие две случувања, како што велат соговорниците за Спутник, подгоричкиот новинар Марко Вешовиќ и професорот Александар Даштевски, не се ништо ново, тие коиндицираат и се појавуваат речиси истовремено и наведуваат на помислада дека старите и новите отстапки на Босанците и Албанците доаѓаат за наплата кај Мило Ѓукановиќ и Зоран Заев.

Имено, кога се решаваа крупни државни прашања кои се важни за власта во Подгорица и Скопје, Босанците и Албанците беа тука. Сега и тие очекуваат политички бенефити.

Темата за измена на државните симболи во Црна Гора е актуелна практично од референдумот за независност, напоменува Вешовиќ. И тогаш босанските организации бараа нивните симболи да се вградат во црногорските државни симболи, како би се излегло во пресрет на она што го сметаат за нивни легитимни барања.

„Како што гледаме, од тие барања не отстапија, а дури се тврди дека дел од договореното е постигнато и за време на референдумот, кога е договарана поддршката од босанскиот народ за формирање на независна Црна Гора. Дали е тоа точно или не, тешко е да се каже, но постојат одредени гласови и аналитичари кои укажуват на тоа дека договорот за државните симболи, односно инкорпорирањето на исламски симболи во државните, е предреференумски договор со Ѓукановиќ, односно со врвот на црногорската власт“, вели Вешовиќ.

Според мислењето на професорот Даштевски, амандманите на Македонскиот устав кои ги поднесе Касами, сега нема да поминат поради слабоста на Беса и Алијанса за албанците, но исто така смета дека тие амандмани нема да добијат поддршка ниту од „предавниците“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои го поддржуваат премиерот Зоран Заев.

Меѓутоа, постои можност албанските партии да продолжат со своите барања за воведување на албанскиот јазик како службен и по измена на Уставот. Даштевски потсетува дека во Собранието веќе е усвоен закон за двојазичност кој македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов одби да го потпише. Сега, вели Даштевски, Албанците се обидуваат преку Уставот да ги остварат нивните намери.

Засега владејачката албанска партија ДУИ не се придружи на тие барања, но Даштевски ја најавува таа можност

„ДУИ сто посто ќе го направи тоа, но тие се искусна, голема партија, и тоа ќе го направат пософистицирано. Или ќе се поврзат со СДСМ, која има неколку пратеници Албанци, ли ќе договорат тоа да го решат по изборите. ДУИ е најагресивна во тие барања, нонема да контактираат со опозициските албански партии, бидејќи се во лоши односи“, напоменува Даштевски.

ДУИ сега нема да прави ништо во врска со албанскиот јазик, бидејќи не сакаат да ги изгубат роковите за измена на Уставот за промена на името Македонија, додава тој.

Се на се, изгледа дека продолжува играта во Црна Гора и Македонија. Со обзир на тоа дека власта на Мило Ѓукановиќ и Зоран Заев зависат од малцинските партии, во еден момент ќе мораат да излезат во пресрет. Кога ќе се случи тоа, тешко е да се каже, но моментот се приближува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This