March 28, 2024, 10:10 am

ПОМАЛКУ ОД 17% АЛБАНЦИ ЖИВЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Од 2.4 милиони издадени државјанства, само 375.601 се Албанци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанското население е свесно за бенефитите што ги добива со Рамковниот договор и нивната процентуална застапеност во државата. На пример со малцинската квота за вработување. Затоа и инсистираат на овие бенефити и вршат политички притисоци пописот да се направи физички и по нивна мерка, па така за 2020. година е најавен попис во кој ќе нема графа во која ќе се впишува националноста


И во 2002-ра имаше слични проблеми, СДСМ си тераше по свое. Тогаш претседателот на Државната пописна комисија, Зоран Крстевски, се сомневаше во регуларноста на операцијата. Тој не доби поддршка од СДСМ, која во тој период беше на власт и поднесе оставка. Бројот на етнички Албанци тогаш нагло порасна на 25 проценти. И двата пописа беа спротивни на Законот и препораките на ЕУРОСТАТ.

За експертите најдобар начин за спроведување на пописот е по електронски пат. Односно со вкрстување на податоци од матични книги на родени и умрени, базата во МВР, на Министерството за финансии, на труд и социјална политика, на Заводот за вработување, базата на ПИОМ и интегралниот граничен систем.

Официјални, но непотврдени податоци од регистрите на разни институции покажуваат дека процентот на Албанци, како најголемо малцинство во Македонија, не е ниту приближно до посочената квота од 21% во Охридскиот рамковен договор според која се ползуваат бенефитите кои произлегуваат од истиот.

Имено, согласно ажурираните податоци за издадени државјанства, во Македонија има нешто повеќе од 2.4 милиони издадени државјанства, од кои само 16,7% се на лица со албанска националност, односно 375.601 државјанство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This