ПОМИНАА ТОЧНО ДВЕ ГОДИНИ ОТКАКО КОЦЕВСКИ СТАНА ГРАДОНАЧАЛНИК: Граѓаните се уште немаат видено конкретни резултати од ветувањата за живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поминаа точно две години од работењето на локалната власт предводена од градоначалникот Аце Коцевски, а граѓаните се уште немаат видено конкретни резултати од ветувањата за живот, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Наде Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.

-Велес постепено од ден на ден се претвора во слепо црево на државата. Градот како никогаш до сега е преполн со нечистотија, ѓубре, дупки по улиците, раскопани улици, и како никогаш досега се подлабоко и подлабоко тоне како резултат на безидејноста и неработењето на локалната власт и градоначалникот Аце Коцевски. Почитувани сограѓани наместо на истекот од половината од мандатот на Коцевски да зборуваме за реализирани проекти, за остварени резултати , за прогрес на градот, гледаме само назадување и неработење. Каде е се она што го ветивте пред две години, господине градоначалник кога оптимистички најавувавте живот и едно општество? До каде се проектите од програмата кои се обврзавте дека ќе ги реализирате? Нема никаква најава ниту за почеток на изградба на пливачкиот базен во дворот на основното училиште Васил Главинов, – ниту на катната гаража во центарот на градот?

– Ветувавте градски паркинзи над железничките пруги, а за две години немате изградено ниту еден паркинг и веќе нефункционалното јавно претпријатие за паркинзи го згаснувате и барате начин да го спасите, да го споите кон уште едно претпријатие Парк спорт!

– Зошто не се гради ново основно училиште во населба Тунел што го ветувавте, туку наспроти тоа затвара те и спојувате постоечки училишта, а учениците се возат со јавниот превоз изложени на безброј ризици?

– Зошто не се гради атмосферска канализација за прифаќање на водите што се слеваат на улица Благој Ѓорев?

– Не се градат ниту колекторски системи и пречистителни станици за фекалните води што ги ветувате.

– Каде е трговско-деловниот центар Градски Пазар и трговско деловниот објект Градски саат од вашата програма?

– Зошто не се гради заобиколен пат од Башино село до Превалец како што ветувавте?

– Ветувавте продолжување на кејот на Вардар, а за две години не изградивте ниту милиметар, потенцира Трајкова.

Таа додава дека Аце Коцевски, ветуваше на Велешани дека ќе ја намали цената на водата за пиење и ќе се намалат сметките кои ги плаќаат нашите сограѓани на комуналното претпријатие Дервен. Наместо тоа во овие две години воведовте две нови давачки на тотално нетранспарентен начин и без јавна расправа

-На сметките на Дервен се воведоа надоместок за јавно зеленило и надоместок за одржување на јавна чистота, и ја покачивте цената на водата за пиење. Почитувани сограѓани зарем половина мандат не е доволен период за да видиме дел од ветените проекти на Аце Коцевски изработени или барем започнати во нивната изработка. Господине Коцевски не можеме да видиме ниту почетоци на изградбата на пешачкиот надвозник од младинскиот парк до спортската сала ГЕМИЏИИ. Да не зборуваме пак за проектите од вашиот план за Живот во Велес за кои како рокови за изградба се ставени 2020та и 2021 та година. Зборувавте и ветувате сериозни проекти за нашата општина, проекти за чија реализација е потребна огромна подготовка која во изминативе две години не се ни забележува. Наместо проекти и современа општина каква што ветувавте, граѓаните на Велес секојдневно се соочуваат со проблемите на своите улици, проблемот со кучињата скитници, загадениот воздух, повисоките цени на услугите кои добиваат а со намален квалитет. Toa се работите кои ги одбележуваат вашите две години во водењето на Општина Велес, не оние измислени 680 градежни зафати кои никаде ги нема. Градот се гуши господине Коцевски, а Вие сте зафатен со приватни обврски, спортот го уништивте а културата ја заборавивте. Згаснаа скоро сите културни манифестации кои беа обележје на градот. Велешани, господине Коцевски се мудар народ, и ја препознаа вашата неспособност во водењето на општината, ја препознаа вашата ироничност во решавањето на секојдневните проблеми и вашата смисла за културното издигнување и настаните од културно забавен карактер во Велес. Нереализираните проекти и неработењето на институциите брзо се шират помеѓу ушите на јавноста. За сите овие работи Вие и вашиот тим ќе треба да одговорите пред граѓаните, да застанете на улиците помеѓу Велешани и да ги погледнете во очи. Две години градоначалник Аце Коцевски – две изгубени години за Велес. Господине Коцевски, граѓаните немаат повеќе време за губење. Граѓаните не бараат само измислени отчети туку и конкретни проекти, а и одговорност од Вас, рече Трајкова.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This