ПОМИНАА 10 ДЕНА: Сѐ уште нема никаква трага од исчезнатата Марија од Босилово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истрагата за исчезнувањето на Марија Брзакова (28) од Босилово од вчера ја води Основното јавно обвинителство во Струмица.

Според информациите оттаму отворена е предистражна постапка, а повеќе детали во интерес на истрагата не се соопштуваат.

Потрагата по исчезнатата Брзакова трае веќе десет денови, а за време на викендот стотина ловци и граѓани во координација со полицијата трагаа по неа по течението на реките Турија и Струмица, канали, по целото поле, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Монспитовското блато.

Дваесет и осум годишната Марија Брзакова исчезна во утринските часови на 18 овој месец. Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This