ПОМПЕО ЗА ПРВ ПАТ ВО ЕВРОПА: Екс-шефо на ЦИА и нов државен секретар на САД ќе ја посети Европа за прв пат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мајк Помпео положи свечена заклетва во Врховниот суд денес како нов американски државен секретар, откако Сенатот го потврди својот избор за тоа место

АП вели дека се очекува дека Помпео од Врховниот суд ќе се упати кон воздухопловната база Ендрус, каде што со авион за прв пат како државен секретар ќе се упати за Европа.

Стејт департментот објави дека Помпео планира да отпатува за Саудиска Арабија, Јордан и Израел за време на викендот, но претходно ќе го посети Брисел за да присуствува на состанокот на НАТО.

“Ниту еден друг секретар во поновата историја не отпатувал за толку кратко време како тој”, изјави за новинарите портпаролката на Стејт департментот, Хедер Наверт.

Сенатот на САД претходнов го потврди, со големо мнозинство гласови, изборот на Помпео за нов американски државен секретар.

Помпео доби поддршка од 57 сенатори на денешното гласање во Сенатот, додека 42 гласаа против неговиот избор за државен секретар на САД, додека еден сенатор беше отсутен.

Поранешниот директор на ЦИА го замени Рекс Тилерсон на таа позиција, кој Трамп го отпушти минатиот месец.

Трамп ја поздрави одлуката на сенаторот и Помпео го нарече “патриот”, додавајќи дека САД ќе добијат “неверојатна предност” поради тоа што Помпео ќе го предводи Стејт департментот “во ова критично време во историјата”.

Трамп верува дека Помпео секогаш на прво место ќе го става интересот на Америка и истакна дека тој ја има неговата целосна поддршка и доверба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This