Помпео и Лавров се согласија дека речиси во ништо не се согласуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и неговиот руски колега , министерот за надворешни работи , Сергеј Лавров се согласија дека немаат исти ставови по низа прашања .

Помпео и Лавров на состанокот во Сочи речиси и да немале заднички став по ниту едно глобално прашање. На состанокот Помпео ја предупредил Москва да не се меша во претседателските избори во САД во 2020. По повеќе од три часа билатерална средба , Помпео и Лавров на прес конференцијата ги изнеле своите различни ставови , но и додале дека има скромен напредок и желба за подобрување на односите меѓу двете земји.

,,Разговорот беше искрен и корисен . Се согласивме во важноста за поставување комуникациски канали. Во последно време беа замрзнати , глано поради неоснованите обвинувања против нас.” , рече Лавров.

,,Имавме искрен разговор за многу проблеми , вклучително и за прашањата околу кои не се согласуваме. САД се подготвени да најдат заеднички јазик со Русија се ддоека двете страни не почнат заеднички да ги решаваат тие прашања.” , изјави Помпео.

Во врска со вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД во 2016 , Лавров рече дека тоа е чиста фикција , додека Помпео му се закани во 2020 да не се обидуваат да се мешаат во изборите.

Рускиот шеф на дипломатијата изрази надеж дека веста за праќање 120 000 американски војници на Блискиот исток се само неосновани шпекулации , додека Помпео истакна дека САД нес е обидуваат да почнат војна со Иран.

Немаше согласност ниту по прашањето за Украина и уапсените морнари , а за Венецуела Помпео нагласи дека без оглед што е сојузник на Русија , Николас Мадуро мора да си замине од власт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This