ПОМПЕО МУ СЕ ЗAKAHИ НА МАДУРО НА ТВИТЕР: Снема струја, следно ќе го снема Мадуро!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео, по повод ситуацијата во Венецуела, на својот профил на Твитер напишал дека политиката на венецуелскиот претседател не носи ништо освен мрак.


Тој додал: „Нема храна. Нема лекови. Сега нема струја. Следно, ќе го нема Мадуро“. Голем дел од Венецуела е погоден од недостиг на струја, а властите наведуваат дека причина за тоа е „caботажа“ на најголемата хидроцентрала во земјата.

Снабдувањето со струја денес на кратко било обновено во неколку дистрикти во престолнината Каракас, по што градот повторно потонал во мрак, известува „Тасс“.

Во околу 00:45 часот уличното светло повторно се запалило во дистриктите Лас Мерседес и подрачјата Чакао и Алтамира. Снабдувањето со струја е воспоставено и во некои станбени згради, меѓутоа, по околу 10 минути Кракас повторно потонал во мрак.

Престолнината и уште 20 области во Венецуела немаат струја од вчера.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги сопрел часовите во училиштата и денешниот работен ден за да се олеснат напорите за опоравување на испораката на електрична енергија во земјата, напишала на својот профил Твитер заменичката претседателка Делса Родригез.

Според наводите на Националната електродистрибуција, причина за сменувањето на струја е саботажа во најголемата венецуелска хидроелектрана – „Симон Боливар“.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро за инцидентот го обвинил „американскиот империјализам“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This