Помпео најави турнеја низ Источна Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави дека ќе посети неколку европски земји. Турнејата ќе започне на 11 август и ќе ги опфати Полска, Чешка, Словенија и Австрија.

– Ова ќе биде „многу важна и плодна турнеја“, вели Помпео.

Како што пренесува Дојче веле, тој ги коментира и разговорите со Русија за стратешката стабилност.

– Постигнавме напредок. Имавме две средби. Се надевам дека ќе се одржи уште една средба наскоро, додаде државниот секретар.

Консултациите меѓу двете делегации, на кои се разговараше за прашања од меѓународната безбедност и контролата на оружјето, се одржаа од 27 до 30 јули во Виена.

Во последните месеци американската војска се фокусираше на заштита на своите сателити од конкурентските земји. Антисателитското оружје на овие земји претставува закана за американската орбитална група.

Вселенската команда неодамна соопшти дека има докази дека Русија тестирала вселенско ракетно оружје. Москва ги отфрли овие обвинувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This