Помпео тргнува на мисија против „Хуавеј“ во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот државен секретар Мајк Помпео планира да посети неколку држави од Централна Европа кон средината на август, вклучувајќи ја и Словенија, со која САД сакаат да потпишат билатерални изјави за неопходните безбедносни услови за воведување на мобилната мрежа од петтата генерација (5G), јавуваат словенечките медиуми.

Информациите дека Помпео ќе ја започне својата европска турнеја, чија формална рамка го поврзува одбележувањето на крајот на Втората светска војна со крајот на Студената војна, во Прага на 11 август, за прв пат беше објавена од чешки портал.

Наводно, разговорите на државниот секретар на САД со сојузничките земји и членките на НАТО треба да содржат прашања од новата дигитална структура, вклучително и изградбата на мрежата 5G, а планирано е потпишување на заедничка декларација за безбедносните услови за инфраструктурата 5G во Европа, пренесува Хина.

Текстот на нацрт-декларацијата, според словенечката агенција СТА, предвидува безбедносна проверка на корпорациите кои нудат 5G технологија , транспарентност на нивната сопственичка структура, без оглед дали тие ги почитуваат правата на интелектуална сопственост и законите поврзани со транспарентноста на корпоративното управување.

Соединетите држави веќе потпишаа слични заеднички изјави со Полска, Романија, Естонија и Летонија, а нивната цел е, меѓу другото, да ја потенцираат важноста на безбедни дигитални мрежи на ниво на Европската унија и НАТО.

Иако неговото име не е директно наведено во нацрт-документот, целта на изјавата е веројатно намерата да се наметнат ограничувања на кинескиот технолошки гигант Huawei, со оглед на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги одврати сојузниците од правење бизнис со Кина и „Хуавеи“ заради наводниот безбедносен ризик и потенцијалот за шпионажа на штета на кинеските власти.
Засега нема официјални потврди за посетата на Помпео и разговори за 5G технологија , забележува Хина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This