ПОМПЕО УВО НЕ ГО „БОЛИ“ ЗА МАКЕДОНИЈА: САД сакаат Грција да го пpeдвoди Балканот….Сакаме успешна, просперитетна Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД сакаат Грција да го предводи Балканот и да „создава стабилност во целиот регион“, вели Мајк Помпео, кој неодамна стана првиот американски државен секретар што ја посетил земјава по 2001 година, во интервју за атинската ТВ „SKAI“ објавено вечерва.

Во интервјуто, Помпео, кој минатата недела исто така ја посети и Грција, вели дека е уверен дека „Грција ја свртела страницата“ и дека има вистинска прилика да го лансира својот развој.

Новиот договор меѓу Грција и САД околу одбраната, постигнат при неговата посета, Помпео го опиша како заемно корисен.

На прашањето дали САД се „вратиле“ на Балканот, американскиот државен секретар одговара потврдно, истакнувајќи дека новата одбранбена соработка не се однесува само на американски бази, туку „е и многу подлабока од тоа“.

„Сакаме успешна, просперитетна Грција. Тоа е добро за американските инвеститори, добро за американските компании се разбира одлично и за луѓето во Грција. А во поширок контекст, нам стремежот ни е Балканот да се стабилизира. Ова е подрачје кое, како што знаете, е полно со предизвици и сакаме Грција да биде предводник сакаме нов почеток со новиот премиер (Кирјакос Мицотакис), тој со својот тим да го поведе регионот напред и да создава стабилност во целиот регион“, вели Помпео.

На прашањето што конкретно може Грција да очекува за возврат, Помпео вели дека од една страна ќе биде побезбедна, додека, од друга, има и комерцијална корист од новиот договор со САД за одбраната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This