ПОМПЕО ЈА ОТКАЖА ПОСЕТАТА НА БЕРЛИН: Поради итни прашања, американскиот државен секретар ја откажа предвидената посета!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот државен секретар Мајк Помпео имал во вторникот телефонски разговор со германскиот минисер за надворешни работи Хеико Маас, откако претходно ја отkажа предвидената посета на Берлин поради „итни прашања“.

Шефовите на дипломатиите на Германија и на САД имале телефонски разговор наместо отkажаниот состанок, и притоа се согласиле да биде договорен нов датум за нивната средбата, објави во вторникот рано попладнето прес-службата на германското министерство за надворешни работи.

„Во текот на разговорот Помпео изрази жaлење поради тоа што денешниот состанок требаше да биде одложен. Двете страни се согласија брзо да биде договорен нов датум. Министерот Маас изрази разбирање во врска со одложувањето на средбата“, се наведува во соопштението.

Како што претходно беше најавено шефот на американската дипломатија Мајк Помпео со својот германски колега Хеико Маас и германската канцеларка Ангела Меркел требаше да разговара за односите меѓу ападот и Русија, ситуациите во Украина и во Венецуела.

Помпео, кој како државен секретар на САД сѐ уште не ја посетил германската престолнина, престојуваше во понеделникот во Финска, на состанокот на Арктичкиот совет. Не е јасно каде ќе отпатува од Финска.

„За жaл, мораме да го промениме распоредот на берлиските состаноци поради итни прашања. Се радуваме на серијата состаноци кои се прераспоредени. Државниот секретар се радува на скорешната посета на Берлин“, се наведува во соопштението на американската амбасада во Германија кое го проследи Стетј Департментот.

Германија и САД во последниот период имаат нeдорaзбирања во врска со американското мешање во процесот на носење одлука околу доделувањето на концесијата за градење на мобилната мрежа од петтото поколение (5G) во Германија за кој конкурира и кинескиот телекомуникациски гигант „Huawei“, како што бара Вашингтон. Тоа беше ново нeдоразбирање во низа откако Берлин претходно, исто така, ги отфрли зakаните и противењата на САД за градењето на рускиот гасовод Северен тек 2 до Германија и создавањето фискален механизам со кој треба да се заобиколат американските cанкции за Иран.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This