April 20, 2024, 12:07 pm

,,ПОНАВЉАЧОТ” СТЕВО: Човекот кој го нарекуваше народот ,,стока” не може да биде консензуален кандидат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стево Пендаровски, како кандидат на СДСМ на претседателските избори пред 5 години претрпе голем пораз од Ѓорѓе Иванов. Во вториот круг на изборите, Иванов освои 534.910 гласа, а Пендаровски 398.077.

Овој пораз не му беше доволен на Пендаровски, па тој уште еднаш влегува во претседателска трка. Овој пат, претставен како консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ.

Политичарот кој го нарече “стока“ македонскиот народ, во април ќе ја бара довербата.

Под превезот на консензуален, партискиот кандидат Пендаровски на овие избори ќе ја оправдува довербата во очите на Заев, а не во очите на граѓаните од кои очекува гласови.

Тој, исто како и другите, треба да послужи за спас на кариерата на Заев. Во време кога рејтингот на СДСМ и Владата значително опаѓа, Заев не можеше да си дозволи да излезе самостојно на изборите. Тој, како и за многу чекори до сега, се потпира на коалициониот партнер ДУИ.

Допрва ќе го видиме одговорот на прашањето: Што му ветил Заев на Ахмети во замена за поддршка на Пендаровски?

Пендаровски ја прифати улогата претседателски кандидат затоа што тој ужива бројни бенефиции од оваа власт кои му се овозможени лично од Зоран Заев.

Еднаш веќе поразениот партиски кандидат на СДСМ, не може да биде претставен како консензуален.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This