ПОНИШТЕНО ЕДНО ГЛАСАЧКО МЕСТО: ДИК го поништи гласањето на едно гласачко место во Куманово – биле полнети кутии!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство доби поднесок од ДИК за прекршено гласачко право на едно избирачко место во Куманово, каде е поништено гласањето и резултатите од истото, соопштија од Државната изборна комисија за „Инфомакс“

На гласачкото место 1008 во населбата Карпош, Куманово биле регистрирани повеќе гласачи отколку што биле запишани на избирачкиот список. Гласањето на ова гласачко место ќе биде поништено, а резултатите анулирани. Сепак, на ова гласачко место нема да се прегласува затоа што бројот на гласачи не влијае врз конечниот резултат.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска додава дека поднесена е и кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Повеќе гласачки ливчиња од запишаниот број на гласачи, само ги потврдува наодите на опозицијата и медиумите дека на повеќе избирачки места низ Македонија биле полнети кутиите, а на неколку места беа фотодокументирани и случаи на групно гласање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This