Понуда „Долга ноќ на вaкцинaција“ во Виена – поради Балканци воведена вaкцинaција во бopдeли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вакцинацијата во црквите и џамиите, во Виена, наједноставниот начин за заштита од фаталниот исход на инфекцијата со коронавирус неодамна стана достапен во јавна куќа, наводно, поради мажи од други земји, особено од Балканот.

Сакаме да потсетиме дека градот Виена порано овозможуваше вакцинација во катедралата Свети Стефан, џамии и храмови, а сега приватни претприемачи се приклучуваат кон оваа иницијатива – и тоа на прилично креативен начин.

Од следниот месец, познатиот виенски бордел „Фунпаласт“ ќе дозволи вакцинирање во неговите простории, а корисниците на бордели кои сакаат да се вакцинираат, исто така, ќе добијат подарок ваучер од 30. евра за услуги по нивен избор.

Понудата се вика „Долга ноќ на вакцинација“, а директорот на операторот Funpalast, Кристоф Лилачер, има совети и за корисниците кои се загрижени дека ќе имаат проблеми со своите партнери поради вакцинација во бордел. „Само кажи им: Душо, се вакцинирав денес кај споменикот на Густав Климт (каде што се наоѓа борделот)“, предложил Лилачер.

Корисниците можат да се вакцинираат секој понеделник во ноември од 16. до 22. часот, а се нудат сите одобрени вакцини.
Идејата ја осмислил менаџерот на борделот Питер Ласкарис, па тој тврди дека дошол до идејата со внимателно проучување на статистиката за вакцинација. Тој открил дека групите со дефицит, со најниска статистика за вакцинација, се мажи од други земји, особено од Балканот.

„Совршени сме за оваа акција, бидејќи имаме викенди како во Белград или Истанбул“, изјавил Ласкарис за „Куриер“.
Се разбира, борделот се надева дека со оваа акција ќе вратат дел од загубената добивка, која паднала за речиси 50% поради коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This