ПОНУДИВ ОСТАВКА, БЕШЕ ОДБИЕНА 125:0: Мицкоски објаснува за понудената оставка пред ЦК која била едногласно одбиена!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едногласно, членовите на Централниот комитет ја одбиле понудата на Христијан Мицкоски да си даде оставка и да се организира вонреден конгрес на кој што би се одбрал нов претседател на партијата. Ова, во интервју за Алсат-М вечерва го соопшти лидерот на партијата Мицкоски.

 

„Навистина се чувствувам комотен. Јас сум можеби единствениот претседаел на ВМРО-ДПМНЕ кој што својата доверба самостојно ја ставил пред делегаттие на ЦК на партијата и тоа го направив оној понеделник веднаш после оној црн петок и настаните кои што се случуваа во Собранието на Р.Македонија“ – истакна Мицкоски.

 

– Статутот на ВМРО-ДПМНЕ овозможува претседателот самостојно иницира процес во кој што ќе побара одржување вонреден конгрес на кој што ќе се разговара за неговата доверба. Јас за оваа моја одлука не разговарав буквално со никого, туку на почетокот на ЦК потпретседателите на партијата и ген.секот ги запознав со оваа моја одлука дека на седницата на Централниот комитет ќе излезам и ќе побарам доколку цени ЦК одржување на вонреден конгрес на кој што ќе се разговара за мојата лична доверба и исто така за да не им биде непријатно на членовите на ЦК поради моето присуство во салата, според определен член од статутот на партијата кој што мене ми овозможува со специјална одлука ги пренесам моите надлежности на еден од потпретседателите тоа и да го направам, да му ја дадам можноста тој да ја води седницата на ЦК, а јас истата да ја напуштам, бидејќи ценев дека можеби моето присуство во салата може да влијае некако директно или индиректно на носењето одлука на некој од членовите на ЦК што врпочем и го направив, објаснува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

„И можам да ви кажам дека 125:0 беше гласањето од страна на членовите на ЦК, дека нема потреба да се организира вонреден конгрес. Тоа беше доволен тригер за мене лично како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да заклучам дека како личност ја уживам довербата од страна на ЦК во кој што морам да кажам дека членуваат сите претседатели на општинските комитети, структурата на УЖ, структурата на УМС и тоа беше доволен буст за мене како претседател, да донесам еден таков заклучок и да продолжиме со имплементацијата на одлуките на ВМРО-ДПМНЕ.“ – заклучи лидерот на опозицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This