Пописот го одложија Германија, Ирска, Шкотска и Србија, само Заев е упорен среде пандeмија да протурка фaлсификат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради пандемијата на коронавирусот Шкотска го одложи спроведување на пописот за 2022 година. Иако првично тоа требаше да се изврши годинава, донесена е одлука пописот сепак да се одржи за март 2022 година.

Наместо во април, пописот на населението во Србија ќе се одржи 6 месеци покасно, во октомври 2021 година, според Републичкиот завод за статистика на Србија. Како причината за одложувањето се наведува епидемиолошката состојба и опасноста од ширење на коронавирусот.

Ирска која планираше да го спроведе пописот во април 2021 година, го одложи за април 2022 година од истата причина.

И Германија нема да спроведува попис оваа година. Поради коронавирусот пописот ќе се одржи на 15 мај 2022 година.

Во објавата на германската агенција за статистика се наведува дека пописот се одложува поради ковид пандемијата која несомнено влијаела и на процесот на подготовка на пописот.

Но, Македонија, на чело со Заев и неговите колициски партнери, нема проблем да спроведе попис во 2021 година.

Премиерот Зоран Заев инсистира на одржување на попис во април годинава. Дневниот број на новозаболени од коронавирус е во благо опаѓање, но бројот на смртни случаи и натаму е висок.

Пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери. Пописот, како статистичка операција, според највисоките стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика кој за пилот фазата ги доби највисоките оценки. Нашите граѓани чекаат попис речиси две децении, оваа шанса нема да ја пропуштиме. Сѐ е подготвено, а развој е можен само со точни статистички податоци, категоричен е Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Заев подготвува фалсификат попис, односно да направи пописен инженеринг како што направил и изборен инженеринг.

Пописот го одложија Германија, Ирска и Шкотска поради КОВИД, само Заев турка фалсификат попис. Дали Заев сака да каже дека државата е поспремна да организира попис од една Германија, Ирска и Шкотска? Од небото се гледа дека целта на Заев не му е статистичка операција, туку фалсификат. Со своите експериментални политики кои ги спроведува на државно ниво, ја направи Македонија еден голем експеримент.

За ВМРО-ДПМНЕ е нејасно е зошто власта одбива пописот да биде извршен според европските стандарди, и зошто Заев инсистира да се попишува нерезидентно население.

Отисокот од прст е единствениот сигурен начин кој ќе гарантира дека власта нема да го фалсификува пописот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This