April 26, 2024, 11:34 pm

ПОПИС НЕМА: Новонастанатата ситуација ќе го одложи пописот на населението во земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апостол Симовски, директорот на Заводот за статистика, денеска на прес-конференција истакна дека пописот на населението нема да се одржи во април до година, како што до сега се планираше, поради новонастанатата ситуација со договорот на политичарите истиот месец да се одржат вонредни парламентарни избори.

Април е нeпогоден. Можноста за попис пред изборите технички е нeвозможно. Се работи за гломазна организација која не може да се спроведе по април. Не може да одговориме кога ќе се спроведе, тоа е одлука на парламентот, тој треба да одлучи Не може да влијаеме на ваквите одлуки, тие се легитимни, коректни И ние бевме затекнати вчера со решението. Пописот секако ќе мора да се спроведе. Не сум чул дека некој има намера тој да не се спpоведува – рече Симовски.

Тој додаде дека најсоодветни месеци за попис остануваат март или октомври, кога најмала е мобилноста на населението, но дека не би сакал операцијата да се развлече до 2021. Симовски рече дека во меѓувреме имало 23 барања од опозицијата, но поголемиот дел од нив не биле прифатливи за Заводот за статистика како спроведувач на операцијата.

Симовски повика Законот за попис на населението што поскоро да се донесе во Собранието за да имам конкретен термин

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This