ПОПИС ЌЕ ИМА: Или наесен 2020 или во април 2021 најавува Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Два можни термина за спроведување на Пописот, кој беше одложен поради предвремените парламентарни избори, се есента 2020 година и април 2021 година. Премиерот Зоран Заев денеска посочи дека ќе се почитуваат препораките до Државниот завод за статистика, но и дека многу е важно прво да се донесе Законот за попис.

– Дали ќе имаме попис во 2020 или 2021 година, законот треба и мора да го донесеме заради тоа што пробниот попис успешно помина и државата мора да има попис, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се донесе Законот за попис.

Изрази уверување дека Законот ќе биде донесен и дека проценката на Заводот за статистика ќе биде конечна.

– Ја видов изјавата на евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој апелираше законот да се донесе, а одлуката е 2020 или 2021 година. Знаете и дека опозицијата имаше забелешки, дајте да се одложи пописот. Сега веќе кога одлучивме консензуално изборите да бидат април 2020 година, тогаш ја губиме пролетта за одржување на пописот, изјави Заев.

Очекувам, нагласи Заев, деновиве Заводот за статистика да предложи до Владата стручна анализа како тие гледаат на одржувањето на пописот.

Државниот завод за статистика, денеска во соопштене до медиумите, информираше дека ќе даде предлог до Министерството за правда, кое е официјален предлагач на Законот за попис на население, домаќинства и станови, периодот на спроведување на Пописот да се пролонгира за април 2021 година, а Законот за Попис на население, домаќинства и станови да биде донесен пред формирање на техничката Влада.

Воедно, Државниот завод за статистика изјавува дека е подготвен за разгледување на можностите за усогласување на сите отворени забелешки поврзани со Пописот со сите релевантни чинители во државава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This