April 27, 2024, 12:34 am

ПОПЛАВИ ВО СТРУШКО: Преку 100 хектари поплавени во струшко Калишта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во струшко Калиште формирано вештачко езеро во близина на охридско езеро. Поради дождот и топењето на снегот, поплавено е 100 хектари земјоделско земјиште. Жителите велат дека најголема причина за ова не е брзото топење на снегот, колку што е нечистењето на каналите од властите – пренесе „АлсатМ“

Водата од преплавениот канал што доаѓа од селото Радолиште до Калиште тече директно во полето, кое што целосно е под вода. Според жителите, овој канал не е исчистен повеќе од десет години.

Исто така, постои опасност од поплавување на патот и со тоа целосно изолирање на регионот. Водата од каналот веќе почна да се излева на патот.

Жителите бараат, локалните власти во Струга и државата да започнат со чистење на каналите во Струга. Тие се плашат дека со пролетните дождови ситуацијата може дополнително да се влоши и да имаа поголеми поплави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This