Попладне ново невреме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Од утре претпладне и во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер и тогаш температурите повторно ќе бидат пониски (за три до пет степени). Од понеделник следува период на постабилно време со постепен пораст на температурата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This