Помпео доби „руски одговор“ и тоа во сред Медитеранот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден ден по навредливите изјави на Помпео за Русија и руската политика започна „одговорот“ на Шојгу. Фрегатата на Црноморската флота „Адмирал Есен“ започна вежби за противвоздушна одбрана и контрола на штетите во Средоземното море, соопшти денеска прес-службата на руската флота.

„За време на вежбата на курсната задача, морнарите одржуваа разни бродски вежби со цел да го подготват бродот за борба, противвоздушна одбрана и да ја контролираат штетата при закотвување на бродовите на логистичката точка“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата ТАСС.

Фрегатата „Адмирал Есен“ извршува задачи во рамките на постојаната медитеранска работна сила на руската морнарица.

Воени бродови како „Адмирал Есен“ претставуваат нова серија на фрегати од арсеналот на Русија. Овие фрегати се дизајнирани да уништат цел дијапазон цели: од непријателски бродови и пловни објекти, подморници и копнени инсталации, да спроведуваат патроли и да ги бранат морските патишта.

Фрегатите на овој проект се вооружени со најмалку 8 вертикални ракетни лансери „револвер тип“ на крстосувачки ракети Kалибар-НК и морнаричка верзија на системот С-400 кои можат да гаѓаат се од воздушни цели и цели во вселена во ниска орбита, па се до површински, крајбрежни и подводни цели на растојание до 2.600 км. Буквално се недопирливи и се сметаат за пловечки тврдини.

За тоа што претставуваат вежбите, тоа е како да ја отсекле цела зона од Сириските пристаништа Тарсус до длабоко во поморска зона на сред Медитеранот. Има попречување на сигналите, има објекти во воздухот кои се појавуваат и губат од радарите, кој знае дали се дронови. Сигурно е цела ескадра од други бродови и сигурно се присутни и најмалку 3 подморници. Во моментов е хаос доколку некој се приближи на зоната на вежби – вели западен експерт по однос на присуството на руската фрегата Адмирал Есен во Средоземното море.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This