ПОПОВА ШАПКА И МАВРОВО ВО МОМЕНТОВ: Снегот ги донесе бројните турсити во ски центрите, надлежните се спремаат за поларен бран!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најавите за поларен студ и снежните наноси ги донесоа и првите скијачи на падините во скијачките центри во Маврово и Попова Шапка

mavrovo_sneg

Фотографиите се направени денес, а како што може да се забележи Маврово е полно со туристи, додека на Попова Шапка снежната покривка е нешто послаба. Сепак и на Попова Шапка деновиве има значително зголемување на бројот на туристи, а се очекува уште поголем бран.sapka_sneg

Надлежните предупредуваат на драстична промена на времето поради поларен бран од Сибир, а кој ќе ја покрие целата територија на Балканот и ќе донесе големи снежни наноси, а во делови и мешавина од замрзнат дожд и снег.

Граѓаните да бидат подготвени за полуполарни временски услови во наредните шест-седум дена со ниски температури до минус 22 степени, снег и замрзнат дожд, да внимаваат при планирање на патувањата и да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема, апелира Координативното тело за справување со кризи.

Според Оливер Римевски, директор на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува драстична промена на времето поради поларен бран од Сибир, а кој ќе ја покрие целата територија на Балканот. Промената, како што рече, ќе почне со дожд и снег на повисоките места, а не е исклучена и појава на леден дожд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This