ПОПОВИТЕ ОДБИВААТ ДА ГИ ПОГРЕБУВААТ: Битолскиот поп одбил да го погреба таткото на Васко Ковачевски, бидејќи бил предавник!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До редакцијата на МАГАЗИН пристигна веста за наводно одбивање на свештено лице да изврши погреб.

Вo Битола пред скоро една недела починал почитуваниот татко на поранешниот пратеник на СДСМ Васко Ковачевски.

Поранешниот пратеник сакал што побргу да ги заврши обврските околу погребот и се упатил на гробиштата Св. Недела во Битола. Екс пратеникот налетал на свештеникот Стефан

Здравевски кој во моментот бил во служба (инаку на Битолската јавност познат како поддржувач и говорник на протестите против промена на уставното име на Република Македонија) и му соопштил за несреќната случка во врска со неговиот татко. Свештеникот ја примил веста и изразил сочувство и му рекол:

Бог да го прости татко ти да му е лесна земја, но јас се заколнав дека на предавници не пеам и не служам опело

Пратеникот по ова видно возбуден и зачуден пробал да го побара Заев а откога не го добил, се јавил кај дедо Стефан.
После ова на свештеникот лично се јавил дедо Стефан со заканувачки тон, на што свештеникот му одговорил дека тој дал збор, се заколнал и својот збор по никоја цена нема да го прегази.

Веднаш потоа притисок на свештеникот извршил и владиката Петар но според нашиот читател се било залудно, свештеникот Стеван Здравески од Преспанско-пелагониската епархија со која раководи г. Петар, не подлегнал на притисоците.

Почитуваниот татко од поранешниот пратеник од редовите на СДСМ бил погребан од друго свештено лице.

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Васко Ковачевски од 12. Јануари 2018 е и официјално е нов директор на РЕК-Битола со што тој го враќа мандатот од гласачите и влегува во бизнисот. Во едно интервју тој вели дека смета дека доволно направи лза граѓаните и после два циклуси во Собранието сега е време за оперативна работа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This